Кривичен совет: Нема ништо спорно во претресот на СЈО кај Грујовски

од desk2

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 ја прифати жалбата на Специјалното Јавно Обвинителство за претресот во домот на екс началникот во Петтата управа, Горан Грујовски.

Жалбата до кривичниот совет СЈО ја достави откако судијката Александра Поп Стефанија оцени дека претресот бил незаконски затоа што Грујовски бил во притвор, по што советот утврди дека нема ништо спорно во претресот на неговиот дом.

Грујовски се сомничи за уништување на два системи за снимање на телефонски разговори на тајната полиција, од кои едниот според СЈО бил користен за нелегалното прислушување./извор а1он

Слични содржини