policijayeti4

Полицијата во Пробиштип поднесе кривична пријава против П.А.М. (70) од Индија, управител во „Марко Б.В. Денхаг“ и на ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, К.М.(70) од Индија, управител во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, М.Б. (42) од Лондон, управител во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, Н.М. (67) од Индија управител во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, П.М. (43) од Индија, прокурист во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип, ДПТУ „ИММ Експлоратион“ ДОО Пробиштип и ДПТУ „ИММ Глобал Логистик“ и Ј.Б.(27) од Лондон, прокурист во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „предизвикување стечај со несовесно работење и оштетување или повластување на доверители“. Во периодот од 2007 до 2015 година, пријавените во својство на управители во ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип (концесионер на рудниците Злетово и Тораница), побарувањата на паричните средства кои што „Индоминералс Метал“ Пробиштип  ги имала кон правно лице со седиште во Даглас, по основ на разни трансвери и позајмици, ги насочиле кон сметките на правните субјекти ДПТУ „ИММ Експлоратион“ ДОО Пробиштип и ДПТУ „ИММ Глобал Логистик“ ДОО (фирми основани и капитално поврзани со ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ), оштетувајќи ја ДПТУ „Индоминералс Метал“ Пробиштип за износ од 1.092.718.362 денари. Исто така, во период од мај 2008 до октомври 2015 година, пријавените лица склучиле договор за купопродажба на минерали односно купопродажба на целокупното производство на рудниците Злетово и Тораница со правното лице „ИММ Интернационал ЛТД“ ДООЕЛ со седиште во Даглас. Притоа пропуштиле да го остварат побарувањето по основ на претходно склучен договор за купопродажба на минерали предизвикувајќи стечај на ДПТУ „Индоминералс Метал“. Во 2014 година пријавените лица склучиле договор за обезбедување на парично побарување со засновање на заложно право над недвижниот имот и невладетелски залог врз подвижните предмети на ДПТУ „Индоминерал Метал“ ДООЕЛ како должник и заложен должник со правното лице „Марков Лимитед“ во Лондон (фирма капитално поврзана со ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ и фирмата „ИММ Интернационал ЛТД“ во Даглас), со која што веќе имале воспоставено доверителни односи врз основа на претходно склучен купопродажен договор. На овој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 1.330.620.353 денари на штета на ДПТУ „Индоминералс Метал“ ДООЕЛ Пробиштип,

Слични содржини