Tetovo-policija.jpg
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Л. (40) од Битола и седумнаестгодишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавените ноќта на 13.06.2016 година, во кафе барот „Император“, лоциран на ул. „Широк сокак“ во Битола, со употреба на физичка сила и насилничко однесување нападнале две лица и го оштетиле инвентарот во објектот, а кај присутните гости предизвикале чувство на страв и несигурност.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против К.Л. (34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.06.2016 година, околу 17.00 часот пријавениот влегол во дворо место на оштетената Г.З (43), која била со нејзините две деца, и без повод и причина физички ја нападнал удирајќи ја со тупаница во пределот на главата. Потоа земал едно од децата и се обидел да го изнесе од дворот, но бил спречен од страна на соседот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А. (23) и Џ. А. (27), двајцата од с.Арачиново и против Н.Б. (38) од с.Блаце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 22.06.2016 година околу 06.00 часот во близина на с.Меџитлија, полициски службеници во ПМВ „БМВ“ со скопски регистарски ознаки и ПМВ „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, кои ги управувале пријавените, пронашле девет илегални мигранти од Авганистан. Мигрантите се предадени во Прифатниот центар за странци-Скопје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, и против Б.П.М.(27), С.П.Д.(45) и К.Р. (41), сите од Охрид,поради постоење основи на сомнение за помагање во извршувањето на кривичното дело „изнуда“. На 05.05.2016 година, околу 22.30 часот, пријавените отишле во база на такси компанија во Охрид поради нерасчистени имотно правни односи и со употреба на сила и со сериозни закани сакале да изнудат пари и материјални средства од оштетениот Т.М. од Охрид. Следниот ден околу 02.00 часот пријавените Г.Т. и Б.М.П. отишле пред домот на оштетениот во Охрид каде продолжиле со заканите. Притоа настанала вербална расправија со Т.М. која прераснала во тепачка.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правното лице ТДГПТУ „Толески Никола Дебој Инженеринг“-Охрид и против Н.Т. (59) од с. Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“. Во текот на 2016 година пријавените без одобрение за градење на земјиште во сопственост на Р. Македонија, а дадено на користење ЈУ Национален парк-Галичица, во центарот на с. Пештани изградиле бетонска ограда. Наведеното е констатирано од градежен инспектор од Охрид и за истото е донесено решение за отстранување на градбата.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј. (77) од Охрид, и против З.И. (49) и Н.Д. (50), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на месец мај 2016 година, без поседување на одобрение за градба издаден од надлежен орган, на имот сопственост на првопријавената на ул. „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид извршиле доградба на објект во кој инвеститор била првопријавената, а додека второ и третопријавените биле изведувачи. Од страна на градежен инспектор од Охрид констатирано е истото за што е донесено решение за отстранување на градбата.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела од кои три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“. Во месец март 2016 година пријавениот искористувајќи ја отсутноста на оштетените и со употреба на физичка сила и подесен алат обивајќи ги вратите од куќите ги вршел тешките кражби при што одзел златен накит и поголема сума на парични средства и разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 7.000 евра и 77.000 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С. (48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и А.И. (44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. Првопријавениот во периодот од 09.06. до 18.06.2016 година во с. Калишта, гостиварско, со употреба на подесен предмет преку прозорот од подрумска просторија, извршил тешка кражба во куќа сопственост на Б.А. (41) при што одзел еден златен часовник и златен накит, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 250.000 денари. Второпријавениот иако знаел дека рачниот часовник потекнува од кривично дело „кражба“ го купил за пониска цена од реалната.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Х. (37) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.02.2016 година, во 23.30 часот од страна на полициски службеници, при вршење на редовни задачи на автопатот Тетово-Гостивар, било сопрено патничко возило „Опел“ управувано од Ѓ. А. од Кичево во кое се превезувал и пријавениот кај кого од извршен преглед се пронајдени 2,79 грама наркотична дрога кокаин.
ПС Кратово поднесе кривична пријава против З.П. (19) и И.И. (32), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 17.06.2016 година, околу 13.40 часот во с. Кнежево, од страна на полициски службеници биле затекнати пријавените како ловат риба со мрежа на акумулацијата „Кнежево“ со која стопанисува ЈП „Хидросистем Злетовица“.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавената, во периодот од септември 2015 година до 03.06.2016 година, во повеќе наврати од куќа во Штип сопственост на нејзина роднина, искористувајќи го нејзиното отсуство и доверба од комода во спалната соба противправно одзела поголем број златни и сребрени предмети , женски рачен часовник , по што одземените предмети ги продавала во златарски дуќани.
НК за КР Свети Николе поднесе кривична пријава против О.М. (53) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување на јавна инсталација“. На 15.06.2016 година пријавениот, вработен во АД „Гранит“ Скопје, извршувајќи градежни работи на автопатот во изградба Штип-Миладиновци, со сандакот од ТМВ Мерцедес го скинал проводникот од електричниот далековод со јачина од 35 киловати, сопственост на ЕВН Македонија, кој далековод ја поврзува трафостаницата лоцирана во м.в.Овче поле со трафостаницата во Свети Николе, со што го исфрлил од употреба истиот, при што од 13.33часот до 13.58часот без електрична енергија останал градот Свети Николе заедно со индустрискиот дел, предизвикувајќи значително нарушување на редовниот живот на граѓаните на општина Свети Николе и трговските друштва.

Слични содржини