Кривичниот суд го одби барањето на СЈО за случајот „Триста“

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство денеска го добило решението од Основниот суд Скопје 1 со кое им се одбива барањето за замрзнување на имотот во случајот „Триста“. СЈО бараше забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот, сопственост на осомничен помошник на министерот за внатрешни работи.

Според СЈО, имало злоупотреба на службената положба на помошник министер во МВР при набавка на 300 возила за полицијата, а со таквата злоупотреба Буџетот на Македонија бил оштетен за 453.570 евра.

Овој предмет „Триста“  од СЈО беше објавен на прес конференција на 23 март.

Слични содржини