Скопскиот Кривичен суд го прифатил обвинителниот акт на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство. Обвинението е распределно кај судија, по што ќе биде определен и датум за судењето.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Предметот „Тврдина“ се однесува на незаконско уништување на два система за прислушување во МВР./MIA

Слични содржини