Кривичниот суд не одлучи за притворот и одземањето пасоши што ги побара сјо за „Tрезор“

од Vladimir Zorba

Основниот суд Скопје 1 вчера не одговори на барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за едно осомничено лице и одземање пасоши за други три лица во врска со истрагата за предметот „Трезор“. СЈО поднесе и предлог до Судот за донесување на привремена мерка – забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на правнoто лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, пишуваСДК.

sud

Ниту еден од осомничените, кои СЈО ги сомничи дека го оштетиле буџетот за над 862.000 евра, вчера не беше изведен пред судија на претходна постапка. Според Законот за кривична постапка, судијата на претходната постапка е должен без одлагање да го разгледа предлогот на обвинителството и веднаш да одлучи по него.

 Откако ќе биде изведен пред судијата во претходна постапка, што вообичаено се случува веднаш по поднесувањето предлог од обвинителството, во рок од шест часа на осомничениот треба да му се достави решението дали е одреден притвор или друга мерка за претпазливост. Во решението се назначува кога осомничениот е изведен пред Суд и кога го примил решението. Осомничениот има право на жалба до кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во рок од 24 часа.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини