Судијката, која треба да го води случајот против седумината вработени во УБК, обвинети за уништување на службена документација при илегално прислушување, побара дополнителни документи од Специјалното јавно обвинителство.

Претходно СЈО до судот достави обвинителен предлог,а судијката Лидија Петровска се уште не одреди датум за судење.

katica-janevA

Според соопштението на судот, судијката ги вратила доказите бидејќи недостасувал документ кој ќе потврди дека на дел од доказите е извршена декласификација, за да можат да бидат употребени во судењето.

“Основен суд Скопје 1 – Скопје информира дека судијата кој треба да постапи по обвинителниот предлог во скратена постапка против Г.Г. и други лица осомничени лица за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“ од чл.361 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, поднесен од страна на Специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), со допис ги врати доставените докази во прилог на обвинителниот предлог на СЈО. Имено во дописот се наведува дека во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот”- информираат од Кривичниот суд.

Како што информира Фокус, судијката која го доби овој предмет, се споменуваше во едена од „бомбите“ на СДСМ. Петровска се споменува во разговор наводно воден меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „Сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Се уште не е закажан термин за главна расправа и за вториот случај кој Кривичниот суд го доби од СЈО, односно за насилните протести пред општина Центар. Овој случај е во рацете на судијката Татјана Михајлова. Оваа судијка е позната во јавноста по тоа што ја водеше истрагата за случајот „Ликвидација“, во кој на затворска казна од 4,6 години беше осуден новинарот Томислав Кежаровски, а потоа Апелациониот суд му ја намали казната на две години.

Слични содржини