Кривичниот ќе се изјаснува за барањата за притвор за Груевски, Мијалков, Миле, Гордана….

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство бара притвор за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни измами.

Притвор се бара и за Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, Елизабета Канческа Милевска, поранешна министерка за култура и за Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер. СЈО бара притвор и за Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба и за уредникот во Сител ТВ, Драган Павловиќ Латас за случајот Тотал.

Вкупно, СЈО бара притвор за 18 лица.

Кривичен суд денеска и утре мора да  решава по предметите од СЈО. Дали ќе има притвор за првенците на ВМРО ДПМНЕ или повторно ќе бидат ослободени и пуштени да се бранат од слобода? Специјалната обвинителка Катица Јанева беше многу јасна дека нема да се чека да помине сидкста ферија и одморите туку веднач под итна постапка ќе мора судот да се произнесе  за барањата за притвор

Досега  одбивањата, влечењата  и игнорирањата на барањата беше најчест случај во предметите на СЈО. Само за неколкумина беше одредуван притвор, како за Сеад Кочан, Горан Грујевски и Владимир Талевски, но набрзо потоа притворот беше заменуван со други, помалку рестриктивни мерки, и истите беа вадени од притвор дали во куќен или се играло со здравствени проблеми.

Катица Јанева побара притвор за десетина функционери на партијата ВМРО ДПМНЕ, но притвор се бара и за еден пратеник на ДУИ исто така обвинет во Титаник.

Според официјалните информации на СЈО, поднесени се 17 обвиненија за 18 предмети, бидејќи случаите „Тврдина “и „Таргет“ се споени во еден.

Со обвиненија се опфатени 94 лица и 7 фирми, а СЈО бара притвор за 18 обвинети и мерки на претпазливост, односно одземање на пасошите за 47 лица. Обвинетите во овие предмети се товарат за над 20 различни кривични дела вклучувајќи злосторничко здружување, даночно затајување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, повреда на избирачкото право и уништување на изборен материјал.

Реплицирајќи  за одлуката на СЈО за покренување обвиненија Груевски  вчера оддржа прес конференција со целото негово раководство, и рече дека се работи за преседан од невидени размери, но целта е да се заплашат судиите да одлучуваат во корист на целите на СДСМ и да се заплашат новинарите и целиот народ.  Тој се тоа го дефинира како напад врз партијата и борбата на ВМРО ДПМНЕ за заштита на државата и порача дека тој и неговите поддржувачи немаат намера се тоа да го рпеспијат. Конструктивноста во нашето делување кои некои ја нарекуваа попустливост завршува  се закани обвинетиот Никола Груевски

По обвинението од СЈО- На судијка и се слошило од предметите

Синоќа пред Кривичниот каде СЈО го донесе доказниот материјал се оддржа и протест на стотина членови на ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини