Кризата со формирањето влада ги загрозува локалните избори

од desk2

Државната изборна комисија е подготвена да ги организира локалните избори, но од оваа институција не можат да кажат кога ќе се одржат тие. Членот на ДИК, Субхи Јакупи, вели дека во моментов се ажурира Избирачкиот список, а датумот на изборите го одредува претседателот на парламентот, кој и два месеца по изборите не е избран, информира Алсат М.

“Ние како ДИК, нормално, дека сме подготвени да ги организираме изборите, но тоа зависи и од самиот правен акт кој треба да го донесе претседателот на парламентот и да го одреди точниот датум, согласно Изборниот законик. Ние, согласно Изборниот законик, го ажурираме Избирачкиот список.” – изјави Субхи Јакупи, член на ДИК

Одолговлекувањето на процесот за формирање нова влада и двегодишната политичка криза ги ставија во втор локалните избори. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ, од август минатата година формално започна со подготовки и сега е во фаза на избор на програмите на потенцијалните кандидати за градоначалници. Подготовки за локалните избори започна и СДСМ.

И покрај слабите резултати на изборите од 11 декември и последните анкети, во кои се забележува видлив пад на поддршката од граѓаните за ДУИ, Али Ахмети вели дека неговата партија секогаш е подготвена за избори.

ДУИ постојано била подготвена и е подготвена.

За Движењето „Беса“, подготовките за локалните избори ќе започнат кога ќе биде формирана новата влада.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини