Крвава ноќ во САД: 14 повредени во напади во три града

од desk3

За само неколку часа на два колеџа во САД се случија два крвави инциденти. Првиот се случи во кампусот на Универзитетот во Илиноис, каде дошло до пукање, а другиот во близина на колеџот Емерсон во Бостон, каде шест лица се избодени, јавуваат локалните медиуми. Неколку часа претходни три вооружени лица ранија осум лица во Балтимор, меѓу кои и едно тригодишно девојче на улица на истокот на градот. Напаѓачите се во бегство.

boston-napad

„Раша тудеј“ пренесува дека на кампусот на Универзитетот во Илиноис се испукани девет куршуми, по што напаѓачот побегнал.
Локалниот весник „Дејли Илини“ наведува дека истрагата е во тек и оти полицијата не соопштува детали.

Повеќето корисници на социјалните мрежи јавуваат дека девет лица се убиени, но засега нема официјална потврда за жртви, пишува „Раша тудеј“.

Пукотницата се случила пред поштата, односно еден блок подалеку од популарното кафуле на кампусот, наречено „Црвен лав“.

Локалната полиција наведува дека истрагата е во тек и оти нема да открива детали за пукањето.

Шест лица се избодени во Тремонт улицата во Бостон, јавуваат локалните медиуми, Колеџот „Емерсон“ ги предупреди студентите, бидејќи двајцата напаѓачи се на слобода, а местото на инцидентот е во близина на кампусот.

Весникот „Бостон глоуб“ јавува дека една од жртвите е во критична состојба и оти врз неа се врши хируршки зафат.
Во меѓувреме полицијата соопшти дека еден од осомничените напаѓачи е уапсен.

Нападот се случил два часа по полноќ. Властите наведуваат дека дел од повредените се избодени со нож, а дел се избодени со скршено шише.

 

META

Слични содржини