policiska-lenta

Околу 03 часот во Скопје во полиција било пријавено дека 49-годишниот Ш.И. 25-гоишниот В.Д. и 43-годишниот С.И. биле нападнати со остри предмети од страна на Б.И. (43), Т.И. (34), С.Ш. (20) и уште едно засега непознато лице. Истите биле пренесени во Ургентен центар Скопје каде им биле констатирани телесни повреди. Бил извршен увид на местото на настанот, а подигнати биле траги од крв и еден нож за кој се претпоставува дека бил употребен при насилството.

Причина за нападот било претходно меѓусебно нетрпение.

Слични содржини