Прославите на Први мај одамна имаат две назиглед спротивставени значења. Од една страна, Први мај, познат по дрвените столбови (поставени на пролетните панаѓури и околу кои се танцувало), цвеќињата и по дочекувањето на пролетта. Од друга, тоа е денот на работничката солидарност и протестите; иако во САД Денот на трудот се одбележува во септември, во многу земји Денот на трудот ќе се слави во недела.

496272213_5538429a23

Зошто?

Како и при многу историски пресврти, и тоа сосема неочекувано. Како што објави Тајм во 1929 година, „за старомодните граѓани, Први мај значи цвеќиња, трева, излети, деца, свечени алишта. За предадените социјалисти и комунисти, тој ден значи говори, маршеви, бомби, дрвени палки, свесно предизвикани насилства. Овие конотации датираат од Први мај 1886 година, кога 200.000 американски работници започнаа штрајк низ целата земја во заложбата за осум часовен работен ден“.

На 1 мај 1886, работничката активност не беше обичен штрајк – тоа беше дел од она што подоцна го знаеме ако случајот Хејмаркет. На 1 мај таа година Чикаго (и уште неколку други градови) беше местото на синдикални демонстрации во поддршка на осум часовниот работен ден. Протестите во Чикаго требаше да бидат дел од неколкудневна акција. На 3 мај, штрајкот во фабриката Мекромик рипер се претвори во насилие, а следниот ден мирниот собир на плоштадот Хејмаркет стана уште понасилен. Еве како Тајм го опиша сето тоа во 1938 година:prvi-maj

„Неколку минути по десет часот вечерта на 4 мај 1886, во Чикаго почна да дува бура. Додека паѓаа првите капки дожд, масата народ на плоштадот Хемаркет, во густо населеното маало, почна исто почна невреме. Во осум часот таму веќе се собраа околу три илјади души кои ги слушаа анархистите кои предизвикуваа бруталноста на полицијата и бараа осум часовен работен ден, но до десет часот останаа само неколку стотици демонстранти. Градоначалникот, кој беше присутен и очекуваше проблеми, на крајот си отиде дома да си легне. Последниот говорник завршуваше со говорот кога група од 180 полицајци вмаршира од станицата во соседната улица за да ја растури толпата народ која остана по собирот. Тие застанаа блиску до кочијата од која се обраќаа говорниците. Полицискиот капетан нареди да се разотидат собраните луѓе, а говорникот почна да вика дека е ова мирен протест, а потоа бомба експлодира помеѓу полицајците. Беа повредени 67 полицајци, од кои седумина починаа. Полицијата отвори оган, уби неколкумина демонстранти и рани 200, а трагедијата од Хејмаркет стана дел од историјата на САД. Во 1889, на Меѓународната конференција на социјалисти беше објавено дека во сеќавање на случајот Хејмаркет, Први мај треба да се слави како меѓународен ден на трудот, сега на многу места во светот познат Меѓународен ден на работниците.download (10)

Во САД овој празник е различен заради околностите за време на антикомунистичката хистерија од почетокот на Студената војна. На јули 1958, претседателот Ајзенхауер потпиша резолуција наречена Први мај- Денот на лојалноста, во обид да се избегне било каква асоцијација на солидарност со „работниците во светот“ на Први мај. Во резолуцијата стои дека тоа ќе биде „специјален ден за потврдување на лојалноста кон Соединетите Американски Држави и за потврдување на оставштината од американската слобода“.

Тајм – Њујорк

Слични содржини