„Крвавиот пир“ на „Вартоломејската ноќ“ …

од Vladimir Zorba

На денешен ден  24 август 

Queen_Mary_I

79.- Во катастрофалната ерупција на Везуф, вулкан во јужниот дел на Италија, од лавината и од пепелта наполно беа затрупани градовите Помпеја и Херкуланум.

1540.- Умре италијанскиот сликар Пармиџанино, портретист кој тежнееше да ги изрази внатрешните особености на својот модел.

1572.- Во ноќта, токму на празникот Свети Вартоломеј, во Париз и во цела Франција почна невидениот колеж на хугенотите, оној дел од населението кој го прифати протестантизмот. Се смета дека до септември се убиени повеќе од 25.000 луѓе. Иницијатор на „крвавиот пир“ – „Вартоломејска ноќ“ – беше Катерина Медичи, мајка на францускиот крал Шарл Деветти. Папата Гргур Осми по повод колежот во Франција даде налог да се искова медал, прогласувајќи ја одмаздата над хугентотите за „света војна на една вера“.

1872.- Роден е англискиот писател и карикатурист Хенри Максимилијан Бирбом, познат како Макс Бирбом, мајстор за сатира и иронија. Дела: романот „Зулејка Добсон“, критиките „Божиќен венец“, „Делата на Макс Бирбом“.

1899.- Група загрепски научници на чело со познатиот геолог, зоолог и палеонтрополог Драгутин Горјановиќ – Кранбергер открија коски, заби и орудие на пралуѓето на подрачјето на Крапина. Научниот свет беше изненаден од вредните наоди, а во своето дело Дилувијалниот човек од Крапина во Хрватска, Горјановиќ – Крамбергер го раздвижи од мртва точка потеклото и настанувањето на човекот, затоа што наодите во Крапина беа значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата.

1899.- Во Буенос Аирес е роден Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, биограф, еден од најпознатите интелектуалци на современата култура кој длабоко ја одбележа латинско-американска книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се „Универзална историја на бесчестието“, „Фантазии“, „Алеф“, „Извештај за Броди“ и други. Умре во Женева на 14 јуни 1986 година.

1912.- Алјаска е официјално прогласена за американска територија.

1929.- Роден е водачот на Палестинската ослободителна организација Јасер Арафат. По долгогодишните терористички активности се определи за решавање на палестинско-израелскиот судир по пат на преговори. Во 1994 година заедно со Шимон Перес и Јицак Рабин ја доби Нобеловата награда за мир.

1930.- Во Прилеп е роден Ордан Петлески, хрватски и македонски сликар и графичар. Најдолго време живееше во Загреб, но сепак изврши одредено влијание врз некои македонски сликари. Од делата познати се „Македонско село“, „Изгорување“, „Морбидни облици“, „Праоблици“, „Пергамена“, „Магична ира“, „Цутење“ и други. Умре во Загреб, на 22 јануари 1997 година.

1968.- Франција во Јужен Пацифик изврши прва пробна експлозија на хидрогенска бомба. На тој начин стана една од нуклеарните сили во светот.

1976.- Двајца советски космонаути се спуштија на Земјата после 48 дена поминати во нејзината орбита. За време на престојот во специјалната вселенска лабораторија изведоа низа испитувања.

1991.- Претседателот на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов даде оставка на местото шеф на Комунистичката партија и од Централниот комитет на владејачката партија, единствената партија дотогаш, побара истата да се самораспушти.

1991.- Собранието на Украина прогласи незвисност од Москва.

1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација постигнаа договор Палестинците на Западниот брег да добијат автономија во областа на образованието, здравството, даночната политика, социјалната заштита и во туризмот.

2004.- Во Русија речиси во исто време се урнаа два патнички авиона од типот „Тупољев“, едниот кај Ростов, а другиот кај Тул. Во несреќите кои ги предизвикаа чеченски исламски терористи-самоубијци загинаа сите 94 патници и членови на екипажите.

2006.- Меѓународното здружение на астрономи донесе одлука дека Платон не е планета како што беше категоризирана во 1930 година кога беше откриена, што значи дека Сончевиот систем нема девет, туку има осум планети. Според одлуката на 2.500 астрономи од 75 земји, собрани на конференција во Прага, по жестоките расправии е договорено дека Платон припаѓа на категоријата џуџести или минорни планети.

2006.- Владата на САД соопшти дека ураганот Катрин, кој ги погоди САД во август 2005 година е најголемата природна несреќа во историјата на земјата и дека вкупната штета изнесува 118 милијарди долари./МИА

Слични содржини