Крвавите раце на Груевски и Иванов

од Vladimir Zorba

Од вечерва на рацете на Груевски и Иванов стои крвта од раскрварените глави на Заев на Зијадин Села на Дамјан Манчевски и на многу други кои беа изложени на линч во Собранието. Со кој образ овие луѓе со окрвавени раце можат од утре да го погледнат Заев во очи или да се поздрават со Зијадин Села.
Задоволно ли спијат од крвавиот пир?
Можно ли е да не сфаќаат дека по ваков чин тие не можат да бидат миротворци.
Тие ја поминаа и црвената и црвено жолтата линија. Им останува само уште да го преминат затворскиот праг.
Пред да ја изгубат власта тие ја изгубија човечноста за која не е сигурно и дали некогаш ја имале.

Фејсбук статус на проф.Ѓорѓи Спасов

Слични содржини