По стрелецот  или стрелците се трага.

минхен

Неколку лица се убиени во пукање во трговски центар во близина на Олимпискиот стадион во Минхен, соопшти портпаролката на полицијата во Минхен. За момент бројот на жртвите, како и оној на евентуалните повредени немаше. Првичните информации беа за еден убиен и десет повредени, но според последните податоци убиените се повеќе. Од полицијата велат дека можеби се работи за шест жртви, но не сакаа официјално да го потврдат оваа бројка. Според последните, но сеуште конечни податоци загинатите се веќе 9лица.

1469213362-minliСведоци, испрашувани од полицијата, рекоа дека виделе тројца вооружени во трговскиот центар, кои отвориле оган. Напаѓачите успеале да избегаат кон блиската метро станица. Метрото е затворено поради пукањето. Според портпаролката пукањето започнало кон 16.00 часот во ресторан за брза храна од синџирот “Мекдоналдс”. Напаѓачите се уште не се фатени. Во реонот на трговскиот центар се одржува големата полициска операција.

1469216641-min (1)

Полицијата во Минхен предупредува луѓето да останат   по можност во своите домови и да избегнуваат јавни места, додека операцијата не запира  . Во реонот на трговскиот центар се одржува големата полициска операција. Околината се отцепи од полицијата. Над центарот на градот кружат неколку полициски хеликоптери во кои има снајперисти.

Имаме информации дека три лица се осомничени за пукањето и се трага по нив . Централната станица во Минхен е затворена и евакуирана. Запрен е градскиот транспорт и метрото. На целиот медицински персонал на болниците во Минхен  им е наредено да се појават  на работа, соопштува ДПА. Премиерот на провинцијата Баварија свика итен состанок. Кон Минхен се насочени полициски единици од цела јужна Баварија.

Локално.мк потсетува  дека пукањето се случува само неколку дена откако во близина на Вирцбург 17-годишен авганистански бегалец нападна со секира и нож патници во германски воз и рани шестмина од нив. “Исламска држава” ја презеде одговорноста за нападот.

Слични содржини