Кржалоски: СДСM и Шилегов немаат програма за локалните избори

од Vladimir Zorba

„СДС и Петре Шилегов немаат програма за локалните избори. Тие имаат памфлет со нереални предлози, или проекти кои веќе се реализираат или пак се веќе реализирани. Самото тоа укажува дека памфлетот е несериозно парче хартија набрзина составено со кое се манипулира за време на изборите.

Луѓето кои ја пишувале програмата на СДС за град Скопје или не излегле да прошетаат низ градот или не се од Скопје. Доколку беа запознаени со приликите во градот ќе знаеја дека проектот енергетска ефикасност е започнат од тековниот градоначалник и е во фаза на реализација.

Проектот „Паметен град“ е веќе започнат и како таков е добитник на повеќе награди за реализирани проекти од оваа област.

Доколку Шилегов излезе од својата канцеларија во Собранието и прошета низ Скопје ќе знаеше дека подземните контејнери кои ги ветува, е проект реализиран од Коце Трајановски, а подземните контејнери се поставени на повеќе локации во градот и успешно се користат. Исто така ќе знаеше дека проектот за централизиран комунален сервис е веќе реализиран од страна на Коце Трајановски, преку апликацијата ГИС.

Шилегов барем малку да излезеше помеѓу граѓаните на град Скопје ќе знаеше дека проектот „Мој паркинг“ е започнат исто така од Коце Трајановски и чија јавна набавка е во тек. Истото важи и за проектот „Зелен регистар“ кој е веќе започнат од актуелниот и иден градоначалник на град Скопје, господинот Коце Трајановски.

Проектот Скопје Вело-град е проект целосно украден од Коце Трајановски, кој веќе има реализирано дел од проектот со набавени велосипеди, кои граѓаните може да ги изнајмуваат, а започната е нова јавна набавка за набавка на нови велосипеди.

Граѓаните гледајќи го памфлетот на СДС можат да ја видат целата нивна безидејност и некадарност. Граѓаните гледаат дека СДС немаат што ново да им понудат. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ, нуди голем број на нови мерки и проекти, како и продолжување на тековните“, изјави Лука Кржалоски./a1on

Слични содржини