Кучка дои ретки тигарчиња

од Vladimir Zorba

Во кинеската провинција Шандун женско куче стана доилка на четири тигарчиња, отфрлени од тигрица. Вработените во локалниот природен парк одлучија да ги однесат четирите малечки останати без храна кај неодамна окучена женка. Таа го прифатила туѓото потомство и го поделила млекото на двете кутриња со идните предатори.

Двете златни и двете бели тигарчиња се родија претходно овој месец, но ги родила 5-годишна тигрица која одбила да се грижи за своето потомство.

Златните тигри се меѓу најранливите видови и многу ретко се среќаваат во дивината. Белите тигри исто ретко се среќаваат во природата. Нивните црно-кафеави ленти на бела кожа и сини очи се резултат на вродена мутација која се среќава кај еден на секои 10 000 тигри.

Слични содржини