Кукан : СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

од Vladimir Zorba

eduard-kukan

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн, на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард Кукан.

– Специјалното јавно обвинителство треба да биде независно во вршењето на својата работа. Имаше одредени критики за нејзината работа, поради што испративме порака да работи согласно Договорот од Пржино, односно делот за СЈО – рече Кукан, одговарајќи на прашањето на „Мета“, како ја коментира блокадата на работата на СЈО.

Во однос на продолжувањето на мандатот на СЈО, европратеникот, не гледа причина за такво нешто.

– Тоа што е договорено со Договорот од Пржино треба да се спроведе. СЈО доби одреден мандат и засега не гледам причина за продолжување – вели Кукан.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент истакна дека време е да се стави крај на политичката криза во Македонија со фер и деморатски избори, кои ќе бидат прифатени од сите. Тој рече дека по изборите би требало да се отвори пат за враќање на земјата на патот за интегрирање во ЕУ.

 

META

Слични содржини