Кулјаби: Борците на ИД го напуштаат Мосул и се упатуваат кон Рака

од Vladimir Zorba

Борците на Исламска држава бегаат од ирачкиот град Мосул кон сирискиот град Рака, изјави денеска портпаролот на шиитската група Ал Хашд ал Шаби, Јусеф ал Кулјаби.

timthumb-5

– Борците на Даеш повеќе од 48 часа го напуштаат Мосул бидејќи таму веќе нема безбедни засолништа за нив. Бегаат од сите региони каде се бориме со нив. Се упатуваат кон Рака, бидејќи таму за ниц се уште е побезбедно, посочи Кулјаби.

Воената операција во Мосул почна вчера во која покрај ирачките безбедносни сили учествуваат и  курдски одреди Пешмерга, Ал Хашд ал Шабу, како и милиции од локалните сунитски племиња.

Слични содржини