Кулминира струмичкиот карнeвал

од desk4

Струмичани преку игра и забава ги открија дел од маските за вечерашново големо дефиле од струмичкиот карневал. Разновидни креации со повеќе мотиви  блеснаа на големиот маскенбал каде се избираа принцот и принцезата. Речиси сите учесници  тврдат дека вечерва по струмичките улици ке има одлична карневалска магија, информира ТВ24.

„Петнаесет години сум на струмичкиот карневал на главната поворка, заразена сум уште од првата година и ова е магија“

„Човек што еднаш запловил во тие води, тешко дека ќе излезе повторно на копно, посакува да продолжи во таа карневалска магија, карневалска еуфорија“

„Сите бои на љубовта да ги донесеме на струмичкиот карневал, затоа што љубовта е најважна од се“ , велат учесници на карневалот.

Струмица вечерва ќе биде европското Рио. Тоа го најавија танчарките од Аруба кои  синоќа беа атракција  меѓу струмичани на маскенбалите кои  ги имаше во секој угостителски капацитет.

„Ние играме на изворна вистинска музика, струмичкиот карневал пак има многу кореографии и костими кои се различни во нашиот во Ауба“

„Поминуваме одлично иако имаме различна култура. Има многу музика, прекрасни костуми и гостопримлив народ“, велат гостите од Аруба.

 

Целиот текст и видеото можете да го видете тука

Слични содржини