Култниот Nokia 3310 воскресна од мртвите

од Vladimir Zorba

Новиот Nokia 3310 за 50 евра доаѓа со преработен  дизајн, екран во боја и, се разбира, играта Snake, макар и во нова варијанта.

Новата визија го задржува класичниот изглед. Телефонот е со димензии 115х51х12.8 мм и е изработен целосно од пластика. Копчињата на ретро тастатурата потсетуваат на оригиналот, иако 2,4 инчен QVGA дисплеј изгледа чудно.

Уредот работи со оперативниот систем Nokia’s Series 30+ и доаѓа со главна камера со резолуција 2 мегапиксели и слот за microSD мемориска картичка. Инсталиран е веб прелистувачот Opera Mini, како и популарната игра Snake (Ненаситност змија), која беше инсталиран и во претходната верзија.

Nokia 3 и Nokia 5 ќе работат со чист Android 7 и ќе бидат достапни во текот на пролетта на оваа година.

Слични содржини