Секторот за внатрешни работи – Куманово го сомничи 35-годишниот кумановец Д.Ј дека сторил кривично дело „насилство„.

тепање-620x330

Според полицијата, кумановецот во 6 часот вчера без посебна причина физички нападнал таксист кој бил паркиран на улицата „Сава Ковачевиќ„. Кумановецот со тупаници го удирал по главата, 57-годишниот таксист Д.М, потоа го гаѓал со камења, по што со тупаници и клоци удирал по вратите и прозорците на возилото. Таксистот се здобил со телесни повреди и претрпел штета и автомобилот.

Како што соопшти денеска кумановската полиција, кумановецот заедно со кривична пријава е спроведен до основното јавно обвинителство.

Полицијата соопшти дека и претходно му поднесувала кривична пријава за „насилство„ на 35 годишниот кумановец.

Слични содржини