gruevski- kunders
Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс кој престојува во работна посета на Македонија изјaви дека договорот од Пржино е многу важен и оти важно е целосно да се спроведе. Европа го поддржува тој договор, е пораката што денеска ја упати до политичките лидери министерот за надворешни работи на Кралството Холандија.

Шекеринска до холандскиот министер: Со уште едни криминални избори кризата ќе се продлабочи

Тој нагласи дека ја поддржуваат и работата на Специјалниот јавен обвинител.

– Таа треба да биде слободна да ја изврши својата работа. Сите треба да си помогнеме меѓусебно, рече шефот на холандската дипломатија.

РСЕ

Слични содржини