Куршумите на терористот не можат да ја убијат предноста на соперникот на Ле Пен

од Vladimir Zorba

По синоќешниот напад на булеварот Шанзелизе, срцето на Париз, кој, веројатно е терористички напад, куршумите на терористот освен што убија еден полицаец и ранија двајца, можеби и ќе „ја убијат“ предноста на поранешниот министер за економија, Емануел Макрон, кој е на првата позиција на ранг-листите пред десничарката Марин ле Пен, која е втора, шпекулираат некои од светските медиуми.

Нападот во кој „неутрализираниот“, односно убиениот терорист не нападна граѓани, туку пукаше во полицајци, некаде на половина пат помеѓу Триумфалната капија и плоштадот Конкорд, се случи во време кога течеше ТВ-дебата на сите 11 кандидати за функцијата претседател.

Изборите се в недела, а не случајно е избран ваков момент за нападот, оти екстремистите сакале да повлијаат на тонот на дебатата, анализира британскиот весник „Дејли телеграф“.

Доколку тоа било целта, забележан е успех, оти лидерката на крајно десната партија Национален фронт, Марин ле Пен, и конзервативецот Франсоа Фијон ги откажаа своите средби со избирачи на ден пред изборнот молк. Кога веста ги затекна сред дебатата, сите кандидати си ги сменија завршните зборови. „Доволно со лабавоста, доволно со наивноста“, рече Ле Пен.

Нејзиниот соперник Франсоа Фијон, пак, порача дека борбата против тероризмот мора да биде апсолутен приоритет на следниот претседател.

Но, иако најновите анкети сè уште ја позиционираат ултадесничкарката на втората позиција, изгледа дека предноста на Ле Пен полека се топи. Според денеска објавената анкета на „Елаб“, Макрон останува цврсто на 24 отсто, додека Ле Пен има 21,5 отсто поддршка, односно 0,5 проценти помалку отколку пред три дена.

Така, иако денеска некои политички аналитичари велат дека е можно нејзиниот рејтинг да се зголеми, други предупредуваат дека и досегашните терористички напади не создале посериозен напредок на рејтингот на крајната десница./ Мета

Слични содржини