Курц и крајната десница во Австрија изгубија на изборите

од Vladimir Zorba

Тоа дека Австрија нема да има екстремнодесничарскиот претседател, дава надежи на приврзаниците на повеќето во  Европа. 5191763Пораз на кандидатот на екстремната десница на претседателските избори во Австрија во неделата создаде чувство на сигурност во европските престолнини, олеснување за кревката центристичка коалиција во Виена и ги исфрустрира амбициите на Австриската партија на слободата, која сега  го премести погледот кон парламентарните  избори. Убедениот приврзаник на Европската унија, кој го опиша ова гласање како клучно за иднината на Австрија во ЕУ, Александар ван дер Белен добие довербата на 53,3% од гласачите, според проектираните резултати, наспроти 46,7% за 45-годишниот Норберт Хофер, вицепредседател на парламентот и член на Партијата на слободата. Поранешниот лидер на Зелените во Австрија, кој на 72 години се појави на изборите како независен, гледа во овој резултат “црвено-бело-црвено (националните бои, бел.ред.) сигнал од Австрија кон сите престолнини во ЕУ”. Австриската крајна десница се надеваше на ефектите од меѓународната средина, погодна за евроскептиците и антиимигрантските расположение по победата на Брекзит во Обединетото Кралство и изборот на Доналд Трамп во САД. Кандидатот на Партијата на слободата, кој не изгради својата кампања врз темата за излегување на Австрија од ЕУ, исто така се надеваше да помине на политика за заштита на вработувањето, куповна моќ, уривање  на политиката предводена од социјалдемократската и конзервативната партија, кои управуваат со Австрија во текот децении.

Реакциите на задоволство, по загубата на Партијата на слободата, дојдоа од Европа: “Добра вест за Европа”, според шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилионии; “Јасно проевропска порака”, според претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. “Австрискиот народ направи изборот кон Европа и отворањето”, поздрави и од  францускиот претседател Франсоа Оланд. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер вели го глгедам   во овој резултат како “добар знак за Европа”. Тоа беше пред пораката за оставката на премиерот на Италија Матео Ренци по загубата по прашањето за уставните реформи на неделниот референдум во Италија.

Победникот го  должи успехот на силното учество и “посветеноста на десетици илјади” волонтери кои мобилизираа гласање во негова корист. Иако функциите на претседател на Австриската република се во голема мера церемонијални, Норберт Хофер би бил првиот екстремнодесничарскиот кандидат на чело на земја од ЕУ. Токму поради тоа сојузничките партии од ЕУ набљудуваа внимателно. Национален фронт во Франција и Партијата на слободата на Герт Вилдерс во Холандија ќе учествуваат во национални избори во земјите  во 2017 година

Во неделата Вилдерс  ја поздрави Партијата на слободата “, која се бореше храбро”. “На следните парламентарни избори победата ќе биде нивна!”, Изјави претседателката на Националниот фронт Марин Ле Пен.

Сепак законодавните избори кои ќе се одржат подоцна во 2018 година, Партијата на слободата, основана од поранешни нацисти во 1956 година, ќе го  испегла лицето  и реториката,  како прва политичка сила пред социјалдемократи и конзервативци со над 30 % од прикажаните намера да гласаат. Двете големи австриски партии на власт од 2007 година, сепак ја отфрлија потребата да коегзистираат со крајнодесничарски претседател, кој би можел да стави  крај на коалицијата . / АФП

Слични содржини