Курц: Не можеме да забраниме комеморација во Блајбург

од desk2

 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека не е во можност, како што тоа не е ни претседателот на покраината Корушка, да забрани одржување на комеморација во Блајбург.

„Најпрво треба јасно да се каже дека собирот кој се одржува е црковна манихестација. Не е на Владата, ниту на претседателот на покраината, а ни на покраинската влада да одлучуваат дали тој собир ќе се одржи“, изјави Курц.

На прашањето дали ќе го земе во обзир барањето на корушките власти дека законот за величање на нацизмот ќе се прошири и на усташките симболи, Курн не сакаше да одговори.

Меѓутоа, рече дека кршењето на актуелниот закон мора доследно да се казни.

Министерството за внатрепни работи на Австрија најави дека ќе преземе мерки за правна проверка во врска со симболите и ознаките.

Во Австрија последните денови претставници на повеќе партии и организации го критикуваат одржувањето на комеморација во Блајбург, оценувајќи дека се работи за најголем собир на нацисти и фашисти во Европа.

Исто така, побараа од властите тој собир, што се одржува на приватен имот да се забрани.

Слични содржини