Кушнер: Трамп се уште не донел одлука за преместување на Амбасадата на САД во Израел

од Vladimir Zorba

   Американскиот преседател Доналд Трамп се уште не донел одлука за премествање на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, изјави денеска неговиот зет и близок советник Џаред Кушнер.

– Преетседателот на САД и натаму ги разгледува големиот број факти пред да ја објави својата одлука за ова прашање, што најверојатно ќе се случи следната недела, изјави Кушнер на Годишната конференција за американската политика кон Блискиот Исток, што се одржа во Вашингтон во организација на Институтот „Брукингс“.

Пред неколу дена американската Администрација соопшти дека Трамп размислува да го пресели седиштето на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, што практично би се сметало за негово признавање за израелски главен град.

Коментирајќи ги ваквите најави палестинскиот лидер Махмуд Абас изјави дека американското признавање на Ерусалим како главен град на Израел би ги загрозило мировните напори на Белата куќа за Блискиот Исток.

– Секој американски чекор поврзан со признавање на Ерусалим како главен град на Израел претставува закана за иднината на мировниот процес и е неприфатлив за Палестинците, Арапите и меѓународната заедница, порача Асад.

Палестински извори соопштија дека за ова прашање изминативе денови Абас разговарал со претседателите на Франција и Турција, Емануел Макрон и Реџеп Тајип Ердоган.

Советникот на Абас, Махмуд Хабаш вчера побара од САД да не го признаваат Ерусалим како главен град на Израел, нагласувајќи дека тоа би претставувало „целосна деструкција на мировниот процес“.

– Светот ќе ја плати цената за каква било промена на статусот на Ерусалим, порача Хабаш.

Во меѓу време Јордан најави дека започнал консултации за свикување вонредни средби на Арапската лига и на Организацијата за исламска соработка, на кои би се расправало за најавите од Вашингтон.

Со Резолуцијата на ОН за формирање на Израел, за негов главен град е прогласен Тел Авив, но израелските власти подоцна за своја престолнина го избраа Ерусалим. Ваквата одлука на Израел не е меѓународно призната и седиштата на најголемиот број странски амбасади во земјата се во Тел Авив.

Од друга страна Палестинците планираат источниот дел на Ерусалим да биде главен град на нивната евентуална независна држава.

Слични содржини