Кутии за изгубено – најдено во Виена

од desk2

Во Виена, главниот град на Австрија, по правило, сите најдени работи мора да им се вратат на сопствениците, т.е. да се предадат на соодветните служби.


Покрај вообичаените канцеларии каде се носат најдени работи од поголема вредност како документи, паричници, мобилни телефони, фотоапарати и слично, во Виена постојат специјални кутии во кои може да се уфрлат најдени работи од помала вредност како чарод, играчки, облека и сл.

Тоа се метални контејнери кои се наоѓаат на дури 100 локации во целиот град. За нив е одговорна комуналната служба, а работат 24 часа на ден.

Сите кутии, како и канцелариите се на интерактивната мапа на градот, а со помош на апликацијата службите за чистота, локациите на кутиите и работното време на канцелариите многу брзо се достапни и со помош на мобилен телефон.
Во 2016 година во Виена се најдени 76.000 изгубени работи.

Слични содржини