Ла Коруња убедлива против Сосиедад

од Vladimir Zorba

 

Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња забележаа убедлива победа над Сосиедад во последниот натпревар од 14.коло на шпанската Примера. gol

На средбата одиграна синоќа во Ла Коруња, иако гостите од Сосиедад важеа за фаворити, сепак домашниот тим на Депортиво славеше победа со 5:1.

За Депортиво, кој се бори за опстанок во Примера, ова беше само трета победа сезонава, а со новите три бодови сега тимот од Ла Коруња е на 16.место на табелата, додека Сосиедад падна за една позиција и сега се наоѓа на шестото место.

На претходно одиграните натпреварите:

Валенсија – Малага 2:2,
Спортинг Хихон – Осасуна 3:1,
Алавес – Лас Палмас 1:1,
Атлетик Билбао – Еибар 3:1,
Бетис – Селта Виго 3:3,
Атлетико Мадрид – Еспањол 0:0,
Леганес – Виљареал 0:0,
Барселона – Реал Мадрид 1:1,
Гранада – Севиља 2:1.

Табела: Реал Мадрид 34 бода, Барселона 28, Севиља 27, Атлетико Мадрид 25, Виљареал 23, Сосиедад 23, Атлетик Билбао 23/МИА

Слични содржини