„Лајм“: Ахмети стои зад кампањата против Мехмети, Зеколи,Хајдари и Селмани

од Vladimir Zorba

Кампањата која е во тек (која зема замав особено последните денови од страна на порталите на ДУИ) против писателот Ким Мехмети, амбасадорот Арсим Зеколи, сопственикот на весник „Лајм“ Фејзи Хајдари и против претседателот на ЗНМ Насер Селмани (и некои други медиуми блиски до опозицијата), не е случајна. Оваа кампања директно е нарачана од страна на Али Ахмети и Муса Џафери, пишува „Лајм“.

458940433

Оваа констатација и потврда не доаѓа од некоја опозициска партија туку од самите високи представници на ДУИ, кои велат дека се незадоволни од стратегијата на Ахмети и Џафери, која е заснована на лаги и клевети против критичарите на нивната партија а кои и особено го критикуват ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

„Али Ахмети да беше вистински лидер, ќе се соочуваше во јавни дебати во разни емисии со неговите критичари. Меѓутоа во недостаток на аргументи, на интелектуално ниво како и недостаток на смелост, Ахмети ги пушта неговите сателити да ги критикуваат независните албански интелектуалци, политичките аналитичари како и албанските медиуми кои не се под негова контрола”, изјавил висок извор на ДУИ.

Според него, кампањата на лидерот на ДУИ против албанските медиуми, интелектуалци и аналитичари Албанци кои го критикуват ВМРО-ДПМНЕ, се координира од страна на левата рака на Али Ахмети, Артан Груби.

Оваа кампања во која се имплицирани квази-интелектуалци и квази-портали (медиуми) на албански јазик кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено го поддржуваат ДУИ, според истите извори, ќе се интензивира уште повеќе во пресрет на изборната кампања.

Во овој контекст може да се анализира и скандалозната изјава со заканувачки тон на Али Ахмети дадена пред извесно време, каде што тој изјави:

„ДУИ ќе ги посрни некои политички аналитичари и публицисти“, алудирајќи токму на гореспоменатите албански интелектуалци.

Тогаш, овие изјави на Ахмети никој не ги земаше сериозно оти тој само својот образ го оцрни, каде во објавените „бомби“ на Заев, меѓудругото се слуша како, неговата лева рака, го споредува со некакво домашно животно (Коњот на Шемо), пишува „Лајм“.

Слични содржини