„Лајм“: Дипломати успеале да ја повлечат ДУИ од „канџите“ на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
 

Објавениот текст во весникот „Лајм“, преку кој преставници на албанската партија на власт објавија дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до договор за коалицирање, ги мобилизирало западните дипломати во Македонија, кои во последен момент успеале да ја повлечат ДУИ од „канџите“ на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Лајм“.

Како што тврдат дипломаски извори во Скопје, преставниците на меѓународната заедница се против нова влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, поради страв дека тоа може да има негативни последици за Македонија, бидејќи „ниту ВМРО-ДПМНЕ ја претставува волјата на мнозинството Македонци, ниту ДУИ волјата на мнозинството Албанци”.

Како што објави весникот „Лајм”, раководствата на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ вчера биле блиску до договор за коалицирање, меѓутоа после „интервенцијата“ на претставниците на меѓународната заедница преговорите меѓу овие две партии се привремено прекинати, иако не се исклучува можноста тие преговори повторно да започнат.

ДУИ, која според партиски извори е поделена меѓу „Ванчо-михајлловисти“ кои инсистираат по секоја цена за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и реформисти кои се противат на такво коалицирање, вчера излезе со чуден демант во врска со текстот на „Лајм“, нарекувајки ја „неавторизирана информација“. Лајм исто така напиша дека  ДУИ и ВМРО ДПМНЕ по преговорите беа почнале и да ги делат министерките и директорките места, но целата делба на колачот застанала по интервенција на дипломатите, пишува „Лајм“.

Слични содржини