Прекинот на електрична енергија не била вистинската причина за прекинување на вчерашната судска седница за настаните во Диво насеље од 9 и 10 мај 2015, пишува весникот „Лајм“ повикувајќи се на извори блиски до одбраната.

kumanovo divo naselje

Иако струјата и техничките дефекти се службено наведени како причина за прекинот, изворите на „Лајм“ тврдат дека вистинската причина било сведочењето на еден од полицајците учесници во акцијата во Куманово на 9 Мај 2015, кој во судницата дал потресно сведоштво. Тој признал дека Мирсад Ндрецај бил жив уапсен од страна на полицијата.

„За време на вкрстеното испрашување, еден од адвокатите на одбраната поставил „трик“ прашање. Адвокатот го прашал полицаецот дали тој го уапсил Мирсад Ндрецај, или пак тоа било сторено од неговиот колега, на што полицаецот одговорил дека Ндрецај бил уапсен од еден од неговите колеги. Одговорот предизвика мешаница во судницата и реакција на судското тело кое побара да се прекине седницата и да се избрише сведоштвото на полицаецот“, тврдат извори на „Лајм“.

– Полека испливува на виделина вистината дека Мирсад Ндрецај, но можеби и некој друг припадник на Кумановската група, бил ликвидиран откога бил уапсен – рекле изворите на весникот „Лајм“.

Весникот „Лајм“ контактирал со адвокатите на одбраната кои службено ниту го одрекле ниту го потврдиле овој навод. Весникот дознава дека наскоро ќе настапат во јавноста и ќе се обратат отворено.

Повеќе од текстот на „Лајм“ на следниот линк (на албански јазик).

Вакво обвинување веќе дадоа семејствата на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај за „Фокус“. Тие тврдеа дека двајцата водачи на вооружената група во Куманово се подоцна ликвидирани за да се прикрие сценариото за викенд-војната, според кое за пет милиони евра, новите „учки“ требало да изведат неколку терористички акции без жртви, за да го свртат вниманието на јавноста од „бомбите“.

Алсат-М телевизија, пак, лани објави допис од Министерството за надворешни работи до Амбасадата на Косово во Македонија во кој ги има имињата на уапсените косовски државјани во акцијата. Меѓу нив (на втората страна) го има и името на Мирсад Ндрецај, кој пак, беше меѓу убиените, што, уште тогаш, ги подгреваше сомнежите дека бил ликвидиран по апсењето.

Слични содржини