Малку се луѓето кои не сакаат добро направена пица. Без разлика дали ќе изберете класични или егзотични вкусови, сигурно ручекот или вечерата ќе бидат многу успешни.8f1647c07a83ebca4abd97669d0d451e

Од Pizza Hut се познати по своето посветување во испорака на кулинарски задоволства за своите клиенти.

Кон долгото портфолио и бројни менија со понудени опции за пици и прехранбени производи, синџирот додава и еден нов проект.

Вистинските фанови можат да уживаат убаво парче … со нокти, во истата стилистика. Брендот создаде своја посебна линија лакови за нокти инспирирани од најпознатите состојки во рецептите на своите готвачи.

Нијансите, создадени да ги рекреираат боите на домати, зеленчук, сирење и други, носат имиња како “Say Cheese” за жолт лак, “Voracious Veggie” за зелен “Meat me after midnight” за беж и дури “Sparkling Supreme” .

Тематски, шишенцата се брендирани со логото на Pizza Hut и личат на кутии во кои се доставуваат пици.

Лошата вест е дека колекцијата лакови за нокти била создадена како дел од промоција и во моментов овие лакови не се продаваат.

 

Слични содржини