Лана Дел Реј објави нова љубовна песна

од Vladimir Zorba

Лана Дел Реј продолжува со работа на албумот “Меден месец” и веќе е подготвена со нова песна за него.Таа се вика “Љубов” и е продуцирана од долгогодишниот соработник на пејачката Рик Ноулс.

“Јас ги направив првите четири албума за мене, но овој е за моите фанови”, изјави Лана. Таа првично ги “задеваше” обожавателите со веста за нов албум во март 2015 година, објави слики од записи во студиото, но долго потоа молчеше за проектот.

Неодамна 31-годишната пејачка објави официјално плановите за новиот диск. Таа изрази задоволство од можноста да создава музика и изјави дека ќе го прави тоа додека може.

Слични содржини