Лашкоска: Државата непотребно и несоновано се задолжува

од desk2

СДСМ, неосновано и во континуитет ги задолжува граѓаните, a dржавниот долг надмина 4 милијарди евра,  податок што ввласта го крие, предупредуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Картелот (наречен СДСМ) вчера го зголеми нето долгот на државата за нови 20 милиони евра. За 20 милиони евра само за еден ден се зголеми долгот кој ќе го враќаат идните генерации. За еден ден секое македонско семејство е задолжено за нови 40 евра. Со ова задолжување државниот долг веќе надмина 4 милијарди евра и изнесува 4 милијарди и 40 милиони евра. Јавниот долг со голема брзина оди кон бројката 5 милијарди, и сега изнесува 4 милијарди и 806 милиони евра. Картелот на власт веќе извесен период ја крие реалната висина на долгот, со цел граѓаните да не дознаат дека државниот долг е 4 милијарди евра, а јавниот долг дека се повеќе се приближува до бројката од 5 милијарди“, рече Ане Лашкоска на прес-конференција.

Побара одговори за тоа во чии џебови завршуваат милиони евра пари кои утре со камата ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Слични содржини