Ласо останува на клупата на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид за уште две години

од Vladimir Zorba

 – Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо, ја продолжи соработка со шпанскиот гигант на уште две години.

Ова ќе биде негова седма сезона на клупата на Мадрид. Актуелниот договор му истекува во 2018 година, а веднаш по истекот, ќе следи продолжување на соработката до 2020 година.

49-годишниот Ласо го предводеше Реал Мадрид до титулата европски првак во 2015 година, три титули шампион на Шпанија (2013, 2015, 2016), пет трофеи од Шпанскиот куп (2012, 2014, 2015, 2016, 2017) и три Суперкупа (2012, 2013, 2014).

Слични содржини