12736619_10201360586131928_1501160457_o-37738
 – Жалам и се извинувам на секој Турчин кој се почуствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту мое убедување, едноставно е мој гаф, рече уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ- Латас во вториот  Дневник на Сител.
Тој се извини на сите Турци поединечно, на турската нација и на турската држава.
  Напротив, сметам дека и турскиот народ и турската држава се големи пријатели на Република Македонија, особено во поново време, нивните граѓани во Рм се лојални и придонесуваат за сите позитивни процеси во државава и затоа жалам и се извинувам на секој Турчин кој се почуствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту мое убедување, едноставно е мој гаф, рече Латас

Слични содржини