Лавров бара детална истрага за нападот врз хуманитарниот конвој во Сирија

од Vladimir Zorba

download

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика денеска на детална и непристрасна истрага за неодашнешниот напад врз хуманитарен конвој во Сирија.

Лавров, на седницата на Советот за безбедност на ОН, посветена на Сирија, истакна дека прекинот на огнот, кој беше усогласен на 9 септември со САД, може да функционира само ако постои сеопфатен пристап и истовремени чекори кои ќе ги преземат сите страни во судирите.

– Во спротивно, ништо нема да се случи, истакна Лавров.

Претходно генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун нагласи дека прекинот на огнот во Сирија може да „оживее“, јави Танјуг.

Слични содржини