Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери денеска телефонски разговараа за прашањата поврзани за претстојниот прекин на огнот во Сирија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

130508153130-john-kerry-sergei-lavrov-story-top

Во соопштението се наведува дека двајцата дипломати „ги продолжиле разговорите за модалитетот на тој процес, кој бара блиска координација на напорите кои ги преземаат нашите земји, вклучително на военото поле“.

Лавров и Кери ја нагласиле важноста од „обнова на дијалогот меѓу страните во судирот во Сирија“, за ситуацијата во земјата и за начините за завршување на петгодишната војна во која загинаа над 250.000 лица, а раселени се 11 милиони луѓе.

Претходно, рускиот замени-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов изјави САД и Русија разгледуваат нова резолуција на Обединети нации за ставање крај на војната во Сирија.

Примирјето во Сирија е предложено од Русија и САД треба да стапи во сила в петок на полноќ.

– Убаво би било ако Москва и Вашингтон постигнат согласност за предлог-резолуцијата на Русија до четврток. Со тоа Советот за безбедност ќе може да гласа в петок.

Претходно, официјална Москва соопшти дека почна преговори за примирје со вооружените групи во неколку сириски провинции по договорот межу Русија и САД за прекин на непријателствата во Сирија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека отвори координативен центар во својата воздухопловна база во Сирија и оти „веќе работи со претставниците на (бунтовничките) групи во различни места во провинциите Хама, Хомс, Латакија, Дамаск и Дера.

– Некои локални примирја веќе се договорени, се посочува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Слични содржини