Почетна / Актуелно / Лажна пријава за бомба во банка во Скопје

Лажна пријава за бомба во банка во Скопје

Утрово околу 9 часот и 35 минути, вработен во банка лоцирана на улицата „Народен фронт“ пријавил дека во два наврати во банката се јавило непознато машко лице, кое што на српски јазик му кажало да излезат надвор бидејќи има бомба.

Од страна на екипата за Антитероризам била извршена целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина, при што не била пронајдена експлозивна направа.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило.