Лажни „Алфи“ ограбиле и истепале момче

од desk2

Вчера околу 21.30 часот на улицата Пржино во истоимената скопска населба тројца лажни припадници на полициската единица „Алфи“ го истепале и го ограбиле 21-годишниот Е.С. од Скопје.

МВР извести дека тие му се доближиле и му се претставиле дека се полициски службеници. Му побарале лична карта, а потоа го пребарале ранецот кој го носел, па од паричникот му зеле 3.000 денари и личната карта. Потоа го нападнале удирајќи го по главата и телото.

Слични содржини