Либерално демократската партија изрази сочуствуво до семејството на малата Тамара и жали за прерано заминатиот млад живот. ЛДП соопшти дека е револтирана од односот на институциите кои беа задолжени за лекувањето на малата Тамара.

milevski (1)

„Македонската јавност знае дека Министерството за здравство преку министерот Тодоров даде јавно ветување дека токму министерството ќе го плати лекувањето на Тамара во странство. Оттогаш наваму, семејството Димовски беше заглавено во бескрајни бирократски процедури кои на крај доведоја до тоа Тамара воопшто да не замине на операција во странство. Министерот Тодоров треба да и одговори на јавноста во кој здравствен систем од “првите 16 во Европа”, згаснува човечки живот поради бирократски процедури ?  Токму поради овие причини го повикуваме министерот Тодоров, ако има минимум достоинство и грижа на совест, да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА“, се наведува во соопштението.ЛДП се залага за итна прераспределба на народните пари, запирање на сите непродуктивни трошења и нивно пренасочување во програми кои ќе имаат за цел да го олеснат и подобрат животот на граѓаните.

Слични содржини