ЛДП смета дека блокирањето на евроинтеграциските процеси се најголемата закана за унитарноста на Република Македонија. 

Според партијата, желбата на 75 отсто од граѓаните, Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, е единствен гарант за унитарноста, стабилноста и економскиот просперитет на сите граѓани. ЛДП ги повикува престедателот Ѓорге Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да ги почитуваат демократските принципи на парламентарната демократија.

– Пораките што вчера ги испратија еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и тројцата европратеници се јасни и недвосмислени. Да не си играме со оган, бидејќи лесно може да се изгориме, се наведува во соопштението и воедно се апелира до ЕУ, доколку воведуваат санкции кон Македонија, да ги опфатат поединците кои ги загрозуваат мирот и стабилноста на регионот, а не ситуацијата да се рефлектира врз сите граѓани на државата.

Слични содржини