Либерално-демократската партија изразува поддршка за професионалноста со која се носи
Специјалното јавно обвинителство и истрагите кои продолжува да ги води и покрај огромните
притисоци и опструкции со кои се соочуваат целиот овој период.

ldp

Сметаме дека денешното објавување на првата истрага под назив “Титаник“, со која се отвара
истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при
избори, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средства за изборна кампања, во
која се наоѓаат повеќемина осомничени, е доказ за независноста на СЈО, но и нивната решеност
за враќање на вербата во правниот систем и достижноста на правдата.

ЛДП и понатаму силно ќе ја поддржува работата и независноста на СЈО, како исклучително
важен елемент во спроведувањето на Договорот од Пржино.
Интегрален телст

Слични содржини