Со европските десничарски партии владеат жените

од desk3

Фрауке Петри, Марин Ле Пен, Беата Шидло и уште многу други – насекаде во Европа претставнички на понежниот пол застануваат на чело на десничарските популистички партии. Каде исчезнаа мажите во XXI век? Германскиот национален дневен весник Die Zeit се обидува да најде одговор на ова прашање.

Пред околу пет години американскиот новинар Хана Рози објави книга која беше жестоко критикувана. Се вика  “Крајот на мажите”, а мотото под кое беше рекламирана – “XXI век е женски”, ги разигра нервите на многумина – како во Соединетите Американски Држави, така и надвор од нив.

Според авторката  сведоци сме на времиња во кои жените постојано учат нови професии, работат со воодушевувачко темпо преземат нови улоги и задачи кои порано никој не ги предвидувал за нив. Во оваа променета ситуација мажите често едноставно си стојат: изненадени и збунети. Книгата го опишува еден свет во кој “за прв пат во историјата жените ги надминаа мажите во многу односи”, пишува “Фокус”.

Марин Ле Пен сигурно е една од оние жени, дури и да не е спомната од Рози. Во 2011 година, една година пред објавувањето на книгата, таа буквално симна татко и Жан-Мари Ле Пен од врвот на “Националениот фронт” и застана на чело на француската десничарска популистичка партија – како вистинска прва дама, се разбира. Старецот едноставно не се вклопуваше во времето. Тој делеше радикални ставови и се почесто го навлекуваше гневот со антисемитски изјави и негирањето на холокаустот.

Тогаш 42-годишна, Марин Ле Пен имаше повеќе прагматични цели – да ја подмлади и обнови партијата. Изгледа  нејзините соништа се исполниле, откако на последните избори за шеф на државата во Франција таа успеа да собере поддршка од една третина од гласачите во земјата. При тоа – со противник од рангот на Емануел Макрон, кој успеа да ја престигне Марин Ле Пен на средината на патот кон љубовта на француските граѓани. Засега.

Фрауке Петри исто е една од оние жени. Откако во 2015 година таа беше избрана заедно со Јорг Мојта за портпарол на “Алтернатива за Германија”, таа се упати напред нагоре кон врвот. Доказот за нејзиниот успех може да се види со голо око на улиците на германските градови. Ако Мојта се појави некаде, едвај некој би препознал кој всушност е тој. Но Петри, и покрај нејзините слаби шанси за подобро претставување на претстојните избори за федерален парламент, и до ден денешен е препознатливо лице на германските десничарски популисти. И никој не гледа во тоа нешто чудно.

Во редовите на “Алтернатива за Германија” има уште една од оние жени кои Рози ги опишува во својата книга. Тоа е Алис Вајда новиот водечки кандидат на десничарската партија.

Примери за оваа раса жени сепак може да се најде и во голем број други европски држави. Во Полска тоа е премиерот Беата Шидло во Норвешка – лидерот на “Партија на прогресот” Сив Јенсен. И да не заборавиме долгогодишниот претседател на Данската народна партија – Пиа Кирсгаард.

Имаат ли жените придонес за промената кон десно на политичкиот спектар во последниве години? Дали се дури и најдобрите носители на концептот за десен популизам отколку мажите? И има ли тоа нешто заедничко со феминизмот? Дали Ле Пен, Петри и Вајда се дефинирани како феминисти спротивно на нивната волја?

Едно е сигурно. Со подемот на жените во десничарските популистички партии, политиката  веќе име е поразлична од онаа која се спроведуваше  во минатото. Претходно слични политички структури беа претставувани само и исклучиво од мажи, и нивното влијание во општеството беше прилично занемарливо отколку заканувачко. Во последниве години,  понежниот пол полека, но сигурно ги “узурпира” лидерските позиции на овие партии, десниот популизам придоби повеќе модерна, женствена визија – и она што е поважно – повеќе гласачи.

Во денешно време десниот популизам е исчистен од својата строгост. Нешто повеќе – тој е претставен како мајчинска грижа, како едно движење кое не подгрева насилство, а се бори само за деглобализациката. Милитантниот имиџ одамна е напуштен, за да отстапи место на граѓанската визија. Овие партии предводени од жени доаѓаат од центарот на општеството и сакаат да останат во центарот на општеството – говорејќи токму на неговиот јазик.

Слични содржини