89
Поранешниот фронтмен на “Пинк Флојд” Роџер Вотерс ќе го пушти својот прв за четвртина век рок албум во јуни, соопшти музичката компанија Columbia Records. Албумот е насловен “Тоа ли е животот кој навистина го сакаме?” и вклучува 12 нови песни на силно политички ангажираниот пејач и композитор, чиј лирски талент беше јадрото на легендарните албуми на групата “The Wall” и “Dark Side of the Moon”.
Компанијата изјави дека албумот е “директен коментар за модерниот свет и несигурните времиња” и “природен наследник” на албумите на Pink Floyd “Animals” и “The Wall”.
Се очекува родениот во Англија Роџер Вотерс да започне кон крајот на мај турнеја во Северна Америка, а догодина во Азија и Европа.