Легло со смокови пронашле жителите на кумановско Лопате во стар и напуштен бунар, лоциран кај поранешните воени магацини на крајот од селото.

Селаните најпрвин забележале еден смок, а наредниот ден виделе најмалку шест смокови. Сопственикот на земјиштето каде што е лоциран бунарот Неџат Фетаовски денеска изјави дека едниот од нив успеале да го убијат со лопати.

Наредниот ден, раскажаа Фетаовски и неговиот сосед Симо Малиновски, локалните жители забележале дека во стариот бунар има уште змии. Соседите успеале да се организираат и со лопати да убијат пет смокови. Но, стравуваат дека ги има во поголем број. Превентивно, Фетаовски го затрупал бунарот. Неговите соседи случајот го пријавиле во Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Оттаму, денеска случајот го пренесоа во дневниот билтен и посочија дека ги информирале Центарот за јавно здравје Куманово од каде пак добиле повратен одговор дека немаат оспособени лица за справување со вакви ситуации.

Слични содржини