Лејди Гага и Бредли Купер ќе снимат римејк на „Ѕвездата е родена“

од Vladimir Zorba

Американскиот актер Бредли Купер и пејачката Лејди Гага ќе играат во римејк на филмот „Ѕвездата е родена“, пишува „Варајети“.

Овој трет римејк на филмот воедно ќе биде и режисерско деби на Купер.

Во првата верзија на филмот од 1937 година играа Џенет Гејнор и Фредерик Мариќ. Во првиот римејк на холивускиот класик во 1954 година настапија Џуди Гарланд и Џејмс Мејсон, а во вториот од 1976 улогите ги толкуваа Крист Кристоферсон и Барбара Стрејсенд.

Приказната е фокусирана на животот на познат филмски актер чија ѕвезда полека темнее и на млада талентирана актерка која ја започнува својата кариера. Тој и помага да стане ѕвезда, тие се зближуваат и венчаваат.

Најновиот римејк на филмот требаше да го режира Кинт Иствуд, но на крајот тој се повлече советувајќи го Купер самиот да се јави во улогата на режисер.

Слични содржини