Лејди Гага ќе биде ѕвездата од полувремето на Супербол

од Vladimir Zorba

Лејди Гага официјално објави дека ќе е ѕвездата која ќе ја загрева публиката за време на полувремето на финалето во првенството во американски фудбал, познат како Супербол.5090310 “Тоа не е илузија. Гласините се точни. Оваа година на Супербол ќе е Лејди Гага “, напиша на Твитер ѕвездата.

Со недели во медиумскиот простор се распространуваше веста дека токму Гага може да е задолжена за традиционалниот мал концерт во полувремето на спортски настан, но досега немаше категорична потврда.

Финалето на овогодинешното првенство ќе се одржи во Хјустон, Тексас на 5 февруари. Со тоа Лејди Гага е рангирана меѓу мноштвото ѕвезди кои ќе го загреат Супербол, што е еден од најгледаните настани во САД.

Минатата година ѕвезди на шоуто беа Колдплеј, Бруно Марс и Бијонсе.

Слични содржини