Американската пејачка Лејди Гага вети вискотехнолошки мултисензорен настап на претстојните Греми награди, на кои што ќе оддаде чест на неодамна починатиот британски музичар Дејвид Боуви.

3b74c5b37723e94693e70018f46ec5d0

Таа најави дека нејзиниот настап ќе биде на ниво на рок легендаа со оглед на тоа дека Дејвид Боуви сакаше експерименти, пренесува АФП.

Доделувањето на Греми  наградите ќе биде во понеделник, еден месец по шокантната смрт на една од највлијателните личности во поп културата. Организаторите велат дека настапот за кој ексцентричната пејачка се подготвува ќе биде многу иновативен.

download (1)

– Мислам дека до сега не сме виделе нешто слично. Ова е доста амбициозен настап и сме навистина возбудени поради тоа, вели продуцентот Ерик Кук.

 

Слични содржини